ВИДЕО – „Звуците на градот“ – прекрасен концерт на староградска музика за прилепчани


Пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа вечер на староградска музика насловена како „Звуците на градот“. На неа настапија групите и оркестрите во овој град кои се занимаваат со овој вид на музика како Октетот Прилеп, КУД „Пере Тошев“, женскиот камерен хор „Керамија, КУД „Пензионер“, како и пејачката група при здружението „Преродба“ и пејачката група при здружението „Орхидеја“, кои пред публиката се претставија со дел од својот богат репертоар на убава староградска песна.

Звуците на градот е манифестацијата што по втор ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во рамки на своите програмски активности. Очекуваме дека манифестацијата ќе прерасне во традиција и дека ќе имаме поголема поддршка за нејзината организација како Центар за култура. Ќе се трудиме во текот на целото лето да организираме повеќе настани, повеќе концерти и изложби си цел да го задржиме вниманието на граѓаните и да им понудиме една интересна, разновидна културна програма во ова жешко и топло културно лето“, вели Каролина Мицеска, советник за односи со јавност при ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Организацијата на целиот настан беше во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп под чие покровителство функционира и Октетот Прилеп кој годинава прославува 30 годишно постоење. Од каде истакнаа дека за жал се помалку има подмладок кој што ќе ја продолжи нивната традиција за негување на овој вид на музика, но и покрај сите потешкотии тие не се предаваат

Вечерва ќе се преставиме со 3 староградски песни, едната е „Дај ми солзи Трено“, втората е „Немој Маре“, стара песна од Октетот, недоволно експонирана и трета ќе биде „Лилјано моме убаво“, а можеби ќе испееме и нешто друго, зависно од расположение. Накратко, ние сме ентузијасти и отсекогаш сме сакале да ја задржиме оваа наша традиција, да се зачува староградската песна, но не сме доволно поддржани од Министерството за култура, така да сами се бориме да опстоиме. План ни е да снимиме нови песни, учество надвор од државата, но за жал нема интерес од помалите генерации засега. Ние упорно работиме Октетот да опстане и да заинтригираме помлада публика со новите песни, да има и од нив интерес, да се подмалди Октетот накратко кажано.

Има заинтересирани?

Нема засега заинтересирани, сме пуштале и огласи по локалните радија, по Фејсбук, интернет, но засега за жал нема. Се гледа пред се материјалното, а тоа е жално, а другото, вистинското е во втор план. Но пак ќе кажам, ние сме борци и не се предаваме, работиме упорно. Проблем е нормално и оркестарот да се собери“, истакна Владо Стефаноски, член на Октет Прилеп.

Публиката уживаше во прекрасните староградски мелодии кои помладите ги воодушеви, а постарите ги потсети на нивната младост.

Веќе постоиме ние 18 години и имаме настапувано на многу ревии, во Албанија, Црна Гора, Охрид, Штип, каде што ќе нѐ поканат, ние со драга волја одиме. Сами се финансираме и одиме секаде.

Каков вид на музика, староградска, народна?

И староградска и народна музика пееме, свириме и пееме и со гајда, имаме снимано песни од Мариово, претежно мариовските песни ги пееме со гајда. Староградската, прилепската музика најмногу ја обожаваме и секогаш во Прилеп ја пееме песната за Митрикевци, прилепската песна“, додаде Параскева Макалоска, членка на здружение „Преродба“.

 

Нашево здружение се вика Орхидеја, и Орхидеја постои од 1979 година. Прва претседателка морам да ја спомнам беше Марга Смилеска, со чија помош нашава Орхидеја постои овие години. Нашава организација е од типот на хуманитарна организација, обработуваме теми од секојдневниот живот на град Прилеп, одиме на патувања со женскава група, претежно одиме на екскурзии.

Имате и пејачка секција?

Да, пејачкава секција ни е сега формирана, има скоро 5 месеци. Учествуваме на повеќе манифестации што се организираат тука во Прилеп“, додаде изјави Наде Бунтеска, членка на здружение „Орхидеја“.

 

Ние доаѓаме од здружението КУД „Пензионер“ Прилеп, некаде околу 26 души сосе оркестарот сме, а настапуваме со 4 староградски песни и тоа „Што да правам, што да чинам“, „Секоја вечер пијан се враќам“, „Што си налутено либе“ и „Давај ме мила мамо, давај ме“, со тие песни ќе настапиме. 

Како здружение „Пензионер“ од Прилеп освен старгорадската, дали свирите и народна музика или друг вид на музика?

Претежно негуваме староградска музика, понекогаш и народна музика како онаа од Благица Петреска „Што да ти таксам на Господа“, во малку позабавен стил, а другите се претежно староградски.

Каде се настапувате низ Македонија?

Па настапуваме низ цела Македонија, во сите градови, каде што нѐ покануваат, а и ние ги покануваме нормално, сега ние ќе бидеме домаќини на целиот јужен регион, во Прилеп ќе дојдат пензионерите“, Жарко Димитријоски, член на здружение „Пензионер“.

Од ЦК „Марко Цепенков“ за прилепчани најавуваат и други голем број забавни активности во текот на ова лето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи