ВИДЕО – Ван Гог, Суперхикс, Сања Вучиќ, Амадеус бенд, Наум Петрески само дел од 20-тинатаучесници на годинешниот Фестивал на пивото


Ван Гог, Суперхикс, Сања Вучиќ, Амадеус бенд, Наум Петрески се само дел од 20-тината музички ѕвезди кои годинава ќе ја забавуваат публиката од 9 до 11 август на Prilep beer weekend или познат како Фестивал на пивото. На Фестивалот ќе настапел и светски позната DJ чие име организатортите, Event group, не го откриваат. Општината Фетивалот го поддржува со 1 милион денари, а финансиски средства ќе се барале и од други спонзори.

Сакам да напоменам дека многу внимававме да на Фестивалот има учесници кои ќе привлечат широка публика и од аспект на возраст и од аспкет на вкусови на музика. Се надевам дека ќе успееме да ги задоволиме сите вкусови: Ние сето ова нормално го правиме од комерцијален аспект, ние сме компанија која организира  настани и така функционира. Се надеваме дека исто како и лани и оваа година прилепската бизнис заедница, како ми сите години наназад ќе има слух за Фестивалот и ќе го подржи соодветно, за да може да опстои. Од финансиски аспект најголема надеж имаме во прилепсдката бизнис заедница“, рече Дарко Крстески, „Event group“.

Од Општина Прилеп велат дека се целосно подготвени за Фестивалот на пивото кој освен промоција на градот исто така носи и голем економски бенефит за прилепската чаршија.

„Градот сигурно ќе биде максимално подготвен за прифаќање на гостите и одржување на оваа манифестација од забавен и друштвен карактер. Ова е еден од најголемите Фестивали на скарата и пивото па можам слободно да кажам и во балкански рамки. Секогаш Фестивалот го дава својот придонес за Прилеп да да биде убаво место кое привлекува голем број посетители кои имаат добар економски импакт за градот“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 На 24 јули ќе биде објавена целосната програма на Фестивалот со сите имиња на учесниците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи