Светска банка: Климатските промени ќе го чинат Западен Балкан милијарди долари

Facebook
Twitter
Email
Print

Државите од Западен Балкан треба заеднички да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за соодветна заштита на граѓаните и имотот од сè поштетните ефекти на климатските промени – ова е заклучокот од Регионалниот извештај за климатски промени и развој на Светска банка.

Спроведувањето соодветни мерки за одговор на климатските промени може да има големи придобивки за Западен Балкан, регион составен од Македонија, Србија, Црна гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, преку инвестиции би помогнале да се избегне загуба на човечки животи, имоти и продуктивност, но и да се стимулира економскиот раст.

Недостатокот на акција не е опција за регион кој веќе е силно погоден од климатските промени. На пример, во текот на изминатата деценија, поплавите директно зафатија два милиони луѓе, а нивните последици дополнително ќе се влошат со појавата на сè поекстремни врнежи од дожд.

Шумските пожари се исто така зголемена опасност, со над 1.500 регистрирани во 2021 година, што одговара на зголемување од 21 процент во изминатата деценија. Сушите негативно влијаат на земјоделското производство, а топлотните бранови придонесуваат за загадување на воздухот и на тој начин предизвикуваат илјадници предвремени смртни случаи годишно во Западен Балкан.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи