Во понеделник блокада на патот Прилеп – Градско како протест против отворањето на рударскиот коп кај Ореовец

 

Жителите на селата, Ореовец, Крстец и Плетвар, прилепско организираат мирен предупредувачки протест со блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско против отворањето на рударскиот коп во непосредна близина на селото Ореовец од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и фирмата Бехтел и Енка. Протестот ќе се одржи на местото Заполшки Мост, меѓу бензинската помпа на ЛУК ОИЛ и Ленишки Мост на 29.07.2024 година (понеделник) од 6,30 до 09,00 часот.

„Со отворањето на споменатиот коп на само неколку стотици метри од селото Ореовец, загрозен е неговиот опстанок со минирање и вршење ископ со тешка технолгија, загрозени се градбите во селото, доведени се во опасност изворите на вода, од кои неколку се спроведени и во системот за водоснабдување и на градот Прилеп,  загрозен е опстанокот на ендемскиот вид пеперутка Македонската Сивка, како и на други ретки видови растенија и живи суштества.

Наведените штети, загрозувања и опасности се потврдени од страна на компетентни експерти од соодветните области, но надлежните институции до денес немаат преземено речиси ништо за спречување на ова зло, кое не ги загрозува само споменатите села и нивните жители, туку и градот Прилеп.

Затоа, ги ПОВИКУВАМЕ сите свесни и способни Прилепчани, масовно да го подржат овој протест со блокада, со цел да се спречи ескалација на наведените состојби и неконторлираното предизвикување непоправливи штети по нашето здравје, но и нашиот опстанок!“, велат организаторите, „Спас за Прилеп“.

Предупредувачки ПРОТЕСТ!

Предупредувачки ПРОТЕСТ!

Ќе се одржи на местото Заполшки мост (првиот мост после бензинската пумпа на ЛУКОИЛ кон Скопје) – карта во коментари.

Ги повикуваме прилепчани ВО ШТО ПОМАСОВЕН БРОЈ да покажиме дека ја разбираме сериозноста на овој ГОРЛИВ ПРОБЛЕМ од кој зависи нашето здравје и здравјето на НАШИТЕ ДЕЦА.

Posted by Спас за Прилеп on Saturday, July 27, 2024

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи