Водата да не се пие во текот на денешниот ден на ниво на цела општина Крушево, препорачуваат од ЈП „Комуна“.
„По санирање на дефектот на цевковод на Студенчица водата визуелно изгледа нечисто. Врз основа на тоа препорачуваме во текот на денешниот ден да не се користи за пиење.
Комуна редовно и соодветно ја хлорира водата, но по вчерашниот прекин и зафат од Студенчица ја препорачуваме оваа превентивна мерка“, велат од „Комуна“