Во Стибера откриени остатоци од градба од 1 век

Завршија годинашните археолошки истражувања на античкиот урбан центар Стибера т.н. ”македонската Помпеја” кај селото Чепигово, Прилепско. Од Заводот и музеј во Прилеп информираат дека новооткриената градба е прилепена до административната зграда на главниот градски пазариштен плоштад – агората.

„Според наодите што ги откривме, констатираме дека градбата е подоцнежна, односно датира од средината на третиот век, кога Стибера по насилните упаѓања на варварските племиња Херули и Готи ги губи својот сјај и високата политичка позиција што ја имала во рамките на Римската Империја. Под неа откривме и остатоци од постара градба од првиот век.

Пронајдени се два мошне важни движни наоди – сребрен денар со ликот на царицата Фаустина од вториот век и бронзен прстен со издлабена претстава на крст. Сребрениот денар со ликот на Фаустина е мошне рана појава на христијанството, чија репрезентативна мермерна биста е откриена во административната зграда на агората“, вели советникот археолог Душко Темелкоски.

Следната година планирано е да продолжат истражувањата на овој значаен македонски локалитет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи