Почина доајенот на македонското спикерство Симон Беличанец


На 82 години, на 2 август во Скопје почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана за Македонската радио телевизија. Беличанец е роден на 2 јуни 1942 година во Прилеп каде го завршил основното образование, гимназија, но и нижото музичко училиште.

Студирал на Технолошкиот факултет во Скопје, а за време на неговите студии се пријавил на аудиција во Радио Скопје и веднаш бил ангажиран како спикер. Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш потоа почнува да ги чита вестите на МРТ. Тој бил водител на повеќе музички манифестации.

Погребот на Симон Беличанец ќе се оддржи денеска на градските гробишта во Бутел.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи