Се запалил „голф” во движење на ул. „Св.Наум Охридски” во Прилеп, од огнот бил зафатен и автомобил „сузуки”



На 03.08.2024 во 06.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Св.Наум Охридски” во Прилеп се запалило во движење патничко моторно возило марка „ голф” со прилепски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Д.Т. (47) од Прилеп. При тоа изгореле и лични предмети и пари на пријавителот.

„Од пожарот зафатено и оштетено било и патничко моторно возило марка „сузуки” без регистарски ознаки, сопственост на  М.М. (40) од Прилеп. Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Повредени лица нема“, информираат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи