ВИДЕО – УЈП: Сите учесници со штандови на Пиво фест задолжително да издаваат фискални сметки


Сите учесници кои ќе имаат свои штандови на Пиво фест во Прилеп задолжително ќе мора да издаваат фискални сметки за да не дојде до парични казни. Исто така сите физички лица кои ќе продаваат производи од типот на крофни, палачинки, сокови, кафе и други слични производи ќе треба да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход до Управата за јавни приходи од Времен карактер.

„Ако фирмата е пример од Скопје треба да се обрати до Централен регистар во Скопје и таму да регистрираат подружница. За секое продадено добро да се издава фискална сметка и тогаш нема да има никакви проблеми, ако е регистриран целосно прометот кој што се прави на тие штандови“, истакна Денис Батаклиев, управник на регионална дирекција на УЈП Прилеп.

Организаторот на Beer weekend Prilep вели дека 90% од предвидените места за штандови се веќе закупени и дека интересот бил голем.

„Ќе бидат присутни двете најголеми пивари во Македонија, ќе бидат присутни неколку увозници на пиво, уште еден помал домашен производител на пиво, ќе има неколку угостителки објекти од Прилеп, исто така и од Скопје“, додаде Дарко Крстески, организатор на настанот Event group.

Од здружението на прилепски угостители истакнаа дека ги знаат своите обврски но уште еднаш посочија дека за отворањето на штандови на ваквите настани треба да се плаќа паушал.

„Претходно припремен паушал бидејќи се преголеми обврските, трчање по институции, за толку краток период да се направи еден угостителски објект од нула, за 3-4 дена тоа е премногу голема обврска, но тоа е што е мора да се почитува законот“, рече Јордан Момироски, претседател на Здружение на угостители на Прилеп.

Фестивалот на пивото треба да се овој викенд од 9 до 11 август.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи