Пријава за семејно насилство, физички напади и нарушувања на јавниот ред и мир вчера во Прилеп



На 06.08.2024 во ОВР Прилеп, 53 – годишна прилепчанка пријавила дека нејзиниот сопруг И.У. физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.08.2024 во ОВР Прилеп, Е.Е.(35) од Прилеп пријавила таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од едно женско лице, кое го познавале. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.08.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, Е.П.(25) го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Џ.Р.(26) од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи