Веќе 7 ден е исчезнат 80-годишниот прилепчанец Димитар Бошкоски. Според неговото семејство, од дома, од населбата Бончејца, излегол во неделата на ден 04.08, околу 17 часот, за да во 19.20 ч. биде забележан од безбедносна камера кај хостелот „Бреза“ како се движи кон Фабриката „11-ти Октомври“, и оттогаш му се губи секаква трага.
Човекот има поблага форма на склероза, наглув е, а има проблеми и со видот. Исчезнувањето, уште веднаш е пријавено и во полиција, а семејството веќе 7 дена безуспешно трагаат по него, па затоа сега моли за помош и од граѓаните за час поскоро да се пронајде човекот.
Секоја информација е добредојдена.
141