ВИДЕО – Да го чуваме третиот, за не ни се случи четврт Илинден – Илинден е македонскиот национален код

Илинден е македонскиот национален код и треба со големо внимание да го чуваме третиот Илинден, за не ни се случи четврт. Ова беше главната порака која се упати од трибината во Крушево посветена токму на овој наш најголем ден. Беше потенцирани и тоа дека Илинден е наш – македонски и не може да биде ниту заеднички, ниту пак припаѓа на друга држава или народ.


„Да ги браниме тие вредности и тие пораки кои се содржани и во двата Илиндена и да не ги заборавиме тие пораки. Бидејќи постојјат тендеции за релативизација, за бришење на термините фашизам или антифашизам или пак за некакво врамување во заеднички контекст на нешто не било заедничко. Всушност придонесот на Македонија и за Европа, кога го славиме денот на македонската република во суштина го славиме придонесот за современа Европа и нејзините вредности“, истакна Митко Панов, в.д. директорна Институт за национална историја.

Според историчарите и познавачите на оваа област треба да се зацврстат темелите на одбележувањето и почитување на Илинден затоа што односот кон овој дел на историјата бил летаргичен.

„Опасноста од таа летагија значи неподготвени млади генерации кои што немаат чувство за национална определба или идентитет како сакате. Тоа повлекува пак и една состојба каде нема да се зачувуваат вредностите на едно општество кое пак ќе стреми кон сосема други насоки и вредности“, кажа Наташа Котлар Трајкова, директор на државниот архив на Македонија.

Во периодот помеѓу двата Илиндена кај Македонците и покрај сите обиди на нивна негација и изурпација од соседите е задржан автохтон наратив на Илинден. Таа негација на соседите продолжува и денес.

„Континуитетот покажува дека автохтониот концепт на самиот Илинден за создавање на автохтона македонска посебна држава е постојано напаѓан и е предмет на изместување на нарацијата од соседите со цел да обезбедат легитимитет на овој простор. Ако се земе пред Илинден, зборувам првиот Илинден, периодот меѓу двата Илиндени и вториот Илинден па и денес тоа има сериозен изграден континуитет“, изјави Зоран Богески, виш кустос во историски музеј Крушево.

Во моментов како држава сме немале национална стратегија за јакнење на идентитетот која ќе биде поврзана со колективната меморија и блиска до повеќето индивидуи.

„Многу пати визијата за Македонија и за идентитетот на Македонија како што гледате во јавната сфера имаме и различни визии за идентитетот, на она на каде треба да се движи државата и самото себе претставување на државата како треба да оди. Од различни политички фактори или етнички заедници ние имаме различна визија. Токму на тоа треба да се работи. Да се изгради колективна меморија која што ќе биде помалку или повеќе прифатлива за  поголем дел од населението“, додаде Проф. Драгица Поповска, Институт за национална историја.

 Овој научен симпозиум за Илинден се возобновува после 21 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи