Нашиот најдобар параглајдерист Мартин Јованоски го освои првото место на Светскиот куп во параглајдерство во Турција



После 7 исцрпни натпреварувачки денови и секојдневно летање и по над 100 км. нашиот најдобар параглајдерист Мартин Јованоски го освои првото место на Светскиот куп во параглајдерство во дисциплината плетети кој се одржа во Турција. Тоа е еден од 5-те вакви купови кои се планирани за 2024 година на светско ниво.

Во Турција каде беше собрана светската елита од овој спорт, а Јованоски уште еднаш докажа дека останува спортист од светска класа. Тој е единствениот параглајдерист кој победил на светски купови во двете дисциплини, прецизно слетување и прелети.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи