На 11.08.2024 година, во неделата, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ во Крушево, се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски. После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, се одржа свечена Литија по улиците на градот Крушево. На Литијата чиноначалствуваше Епископот делчевско – каменички г. Марко во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а предавање одржа и отец Предраг Попович на тема „Смирението и моќта“.