ВИДЕО – Прилеп им дава на уметниците креативен дух и инспирација – 16 по ред ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“


По 16 пат во Прилеп се одржува ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“ на која што учествуваат уметници од Србија, Бугарија и Македонија. Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, а создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба што ќе се одржи во Центарот за култура. Според организаторите на колонијата се очекува квалитетно збогатување на збирката дела од оваа колонија чиј број досега се движи за овие 16 години околу 400 слики и скулптури. Беше потенцирано и тоа дека колонијата постојано e во пораст и во квалитет и во квантитет.


„Уметниците творат на слободан тема и очекуваме да се создадат нови уметнички дела кои ќе ја збогата нашата колекција која моментално брои околу 400 дека, слики и скулптури. Оваа колонија се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам. Изложбата од новонастанатите дела ќе биде отворена во ноември, кога ние како Центар ќе одбележиме 45 години од нашето формирање“, потенцираше Марија Попова Јованоска, в.д. директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп.

 

„Ако се вратиме малку наназад и ако направиме една ретроспектива слика на целата оваа ликовна колонија по мое видување ние од годибна во година како ликовна колонија се повеќе растеме. Можеби тргнавме малку скромно, но сега имаме еден стадиум кој за наши македонски услови е прилично добар, така што на уметниците им даваме одлични услови, пријатна атмосфера за работа. Што е исто така важно и Прилеп како град има уметнички дух, самиот град создава атмосфера за да учесниците бидат и креативни и да се чувствуваат пријатно“, додаде Марјан Стојаноски, раководител на ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен“.

Учесниците на колонијата, од кои некои веќе биле тука, а дел доаѓаат за прв пат, истакнаа дека Прилеп е навистина добро место за творење, а тие се задоволни што се дел од овој уметнички настан. Секој од нив твори на различни теми, а за ваквите колонии изјавија дека тие се место каде уметнците разменуваат искуства, учат нови работи и дека ваквите колонии треба да ги има почесто.

„Сликам  апстрактен експресионизам, го сликам просторот, тука е навистина природно за работа, уметниците се добри, добар е целиот состав на екипата. Добро ми оди засега инспирацијата и мислам дека ќе создадам добри дела на оваа колонија. Инспирацијата ја добивам од природата, од енергијата на природата и сакам да ја пренесам таа енергија, тој момент кој се наоѓа во природата. Токму тој момент се обидувам да го пренесам на сликата. Овие колонии ни помагаат да видиме како творат другите уметници. Пример тука во Македонија имаме сосема различен пристап, се запознаваме со уметнците, разменуваме искуства и така постојано се надоградуваме преку овие колонии и симпозиуми. Доаѓа до нови инспирации и до нови желби за поистрајна работа“, рече Немања Вучковиќ, уметник од Србија.

 

„Учам нови работи пред се, ме исполнува уметноста, сакам да го дадам тоа што го чувствувам и да го пренесам на платно како и секој уметник. Да направам нешто, да створам. Експериментирам, сега почнав со акрил, а порано со масло на платно повеќе и пастел. Сега со акрил бидејќи е понова техника за сликање и побрзо можеш да работиш, побрзо се суши на платното“, додаде Радица Докузоцвска, уметник од Македонија.

 

„Мојата преокупација е разновидна обично на колониите работам  предатори и жртви. Односно животни. И тоа ми е и сега идејата на оваа колонија. Инаку се занимавам со пејсажи, со апстракција и многу други работи. Оваа колонија значи многу, пред се дружење, размена на искуства, нови пријателства, планови за други колонии на други места“, истакна Александар Таневски, уметник од Македонија.

 

„Многу сакам да доаѓам на колонии во Македонија. Во Прилеп за прв пат доаѓам на колонија и сум многу благодарна и чест ми е што сум тука. Многу пријатно се работи, мирно е, мојот стил е апстракционизам-експресионизам-наивизам еден многу убав стил. Сакам да го нацртам стариот град Прилеп, многу ми се допаѓа со ноќно осветление и тоа планирам да го направам“, изјави Петја Георгиева, уметник од Бугарија.

Со делата од оваа колонија освен во Прилеп ќе се направат и неколку изложби и во други градови на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи