„АЛЕГОРИЧНИ ФРАГМЕНТИ“ – во петок изложба на осум вајари од Прилеп


Во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ на 16.08.2024  година. во 20 часот ќе се организира изложба на група академски ликовни уметници вајари од Прилеп, насловена како „АЛЕГОРИЧНИ ФРАГМЕНТИ“ која е дел од годишната програма на Министерство за култура и ДЛУП, како творци во уметноста и  продолжувачи во негување на традицијата за скулптура која веќе три генерации опстојува во Прилеп.

Носител на проектот е Мр. Маја Ралева Миладиновски во соработка со уште седум ликовни уметници ВАЈАРИ од Прилеп.

На изложбата ќе бидат претставени дела од 8, автори вајари од Прилеп кои веќе имаат свое долгогодишно искуство и заедно работеа на тематскиот израз за изложбата „АЛЕГОРИЧНИ ФРАГМЕНТИ“

УЧЕСНИЦИ :

  • Емил Солески
  • Елена Димоска
  • Филип Перески
  • Методи Исков
  • Марјан Стојаноски
  • Мр. Маја Ралева Миладиновски
  • Мр. Филип Јовески
  • Марта Макеска

Ликовните уметници, преку овие дела ни испраќаат порака од друг агол, како и самиот наслов на изложбата Алегорични Фрагменти кои содржината на делата со една анализа го опфаќа целиот пристап кон темата, каде денес опкружени со бројни случувања се мотивираме и утврдуваме поинаков односот кон уметноста. Секој уметник преку својот личен пристап кон современата уметност отсликува одредена порака која се испраќа до последниот примач со однапред конципирано вајарско решение.

Апстрано симулирање на форма како дел од ова парче земја преку композициски решенија и градација, просторна игра како одраз на апстрактно и асоцијативно поставените фрагменти со целокупниот состав создавам алегорија исполнета со емоции кон убавото и заборавеното.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи