Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави завршување на истиот до крај на оваа година.
„Воведуваме нова динамика во работењето на патот Градско Дреново. Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун“, истакна Николоски.
Добро утро со ова видео од патот Градско Дреново
Воведуваме нова динамика во работењето!
Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун.
#МакедонијаЗаТебе
Posted by Aleksandar Nikoloski on Понеделник, 12 август 2024