Меџити: Охридскиот договор е договор за државата – не е договор за вечно учество на политичка партија во власта

Facebook
Twitter
Email
Print

На панел-дискусијата, што се одржа денеска по повод денот потпишувањето на Охридскиот договор, организаторот и домаќин, Изет Меџити, во својство на прв вицепремиер, меѓу другото, рече: Темата на Охридскиот договор е оживеан во последните денови, но, за среќа, лошо, не во негово позитивно светло, туку како инструмент за манипулирање со мислењето.

„Дозволете ми да заклучам денеска со тоа што Охридскиот договор е договор за државата – не е договор политичка партија да биде вечно на власт. Периодот пред нас ќе биде период во кој ќе отвориме нова етапа на политика и креирање политики. Северна Македонија од држава/општество со договор ќе напредува кон општество на слагање, односно од постконфликтно општество, чие функционирање е загарантирано со мировен договор. Наша задача е Северна Македонија да направи модерно општество, во кое институциите ќе одразуваат целосна еднаквост на секое ниво и димензија на работење. Накратко, не можеме вечно да се согласуваме. Сега дојде време постигнатите договори да се вратат на основата за модернизација и европеизација на државата“, рече Меџити.

Одвоеното прославување на Рамковниот договор од страна на ДУИ е партиска прослава, смета првиот вицепремиер.

„И овојпат кога институционално се прославува годишнината на Рамковниот договор, тие повторно го прават истото, значи прават партиска прослава. Ништо различно, како и секогаш ДУИ е надвор од нормалните текови, од институционалните текови“, додаде Меџити.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи