Викендов 10-то издание на „КРУШЕВО НИЗ КОРИЈА“ – Велосипедска и планинарска тура, како и тандем летови со параглајдер


Викендот што следува на 17 и 18 Август 2024 г. во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп ќе се реализира десеттото издание на фестивалот на отворено КРУШЕВО НИЗ КОРИЈА кој во своите содржини ќе опфати : кампување во Крушевската корија на Мечкин камен, концерт на бендот The Dreamers, тандем летови со параглајдер, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, промоција на храна од Slow Food Prilep. Сите овие активности ќе бидат дополнети со дегустација и промоција на крушевски специјалитети, како и организирана посета на културните и природни знаменитости што ги нуди Крушево.

Велосипедската тура ќе се вози на 17.08.2024г(недела) на две патеки :

1.Рекреативна тура низ Крушевските знаменитости

Старт 10:15 ч. Мечкин Камен

  1. Офроуд тура низ Крушевската корија

Старт 10 ч. Мечкин Камен

 

Планинарската тура ќе се одвива по следнава рута : Мечкин камен – Станич – Кипрово – Слива – споменикот Македониум – градски плоштад во Крушево….можеме да ја окарактеризраме како средно тешка тура со должина од 15км……истата ќе се реализира на 18.08.2024 (недела) со старт во 10.00ч од Мечкин камен.

 

Тандем летови со параглајдер ќе има во сабота , 17.08.24  од 14.00ч – 19.30ч и во недела  18.08.24 , од 10.00ч – 19.30ч .

 

 

Форум за авангардна креативност-ФАК, е здружение на граѓани кое веќе  25 години работи во областа на културата и уметноста, во насока на промоција на културниот идентитет препознатлив во меѓународни рамки. Насочен кон заштитата на културното наследство, како и кон подобрување на условите на граѓаните за квалитетен живот,  Форум за авангардна креативност реализираше повеќе значајни проекти во областа културата и културниот туризам. Исто така мотивирани од трендовите на авантуристичкиот туризам, ФАК организира и помага во организација на неколку веќе традиционални  аутдор настани на полето на активниот туризам во повеќе региони низ Република Македонија.

За подетални информации за настанот можете да се информирате на ивентот од истиот и од нашиот фан пејџ чии линкови следуваат во продолжение !

https://www.facebook.com/events/1510520256174021?ref=newsfeed

https://www.facebook.com/Krusevonizkorija


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи