На 14.08.2024 во 14.30 часот во ОВР Прилеп, од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека при претрес на пратка за осуденикот Д.К.(38) од Прилеп била пронајдена грутчеста материја. Полициски службеници излегле на местото и ја подигнале пронајдената материја за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.