Николоски: Се стабилизираат работите во Пошта и Железници – 4.400 вработени добиваат плата

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави дека денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт. Проблемот според министерот е надминат и од следниот месец овие вработени ќе добиваат плата редовно.

„Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.

Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле.

Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ. Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење“!, пишува Николоски во својата објава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи