Таравари: Девет нови лека на позитивната листа, за шест месеци уште едно проширување

Facebook
Twitter
Email
Print

По повеќе од десет години Фондот и Министерството за здравство конечно ја прошируваат позитивната листа на лекови. Девет нови лекови ќе бидат на рецепт достапни за пациентите. Станува збор за лекови за крвни болести, болести на срце, против висок притисок, антидепресиви како и лекови за третирање деменција.

„Особена чест ми е да ви кажам дека по 2009 година, само во 2014 година имало еден лек, но сега се проширува позитивната листа со 9 нови лека, кои се речиси неизбежни за повеќето болести во државата, вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Министерот Таравари посочи дека денеска ќе ја потпише одлуката за проширување на позитивната одлука и најави дека по 6 месеци ќе се разгледаат опциите за повторно проширување на листата.

„По 6 месеци, планираме да ја прошириме листата со уште неколку лека, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме кои се можностите уште неколку лека да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите,  бидејќи сите сме потенцијални пациенти“, рече Таравари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи