ЦУК: Вчера 53 пожари на отворено, 12 од нив се уште се активни

Facebook
Twitter
Email
Print

Вкупно 53 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на вчерашниот ден. Од нив, во моментов се активни 12, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се шест пожари, а 35 се изгаснати.

Три од пожарите се на територија на Општина Македонски Брод и тоа кај Јасен-Белица, кај село Грешница и кај село Девич. Горат борова и мешана шума.

По два активни пожари има и во Кичево и Чашка. Во Кичевско гори кај селата Патеец и Козичино кон село Дупјани, каде што е зафатена борова и букова шума, и на планината Лубен кај селото Цер каде што гори мешана шума. Во Општина Чашка гори на планината Мукос кон село Дреновци и кај село Мокрени. Зафатени се мешана шума и нискостеблеста вегетација.

Сѐ уште е активен пожарот на Галичица – на исток кон селата Лескоец и Стење на територија на Ресен, на запад кон месноста Војтино на охридска територија и на север кон планинарска куќа.

Во Општина Долнени активен е пожарот кај селото Дебреште со краци кон селата Зрзе и кон Крапа, каде што гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева.

Пожар има и во Новаци кај селата Полог, Брник, Ивени, Рапеш и Паралово, каде е зафатена ниска вегетација и деградирана шума.

Еден од 12. активни пожари е оној кај селата Пласница и Латово во Општина Пласница каде што гори нискостеблеста вегетација и кај село Гари, Дебарско, на планината Стогово, каде што е зафатена сува трева.

Од оние пожари под контрола, првиот е во општина Демир Хисар, на Илинска – Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, каде опожарена била ниска вегетација. Вториот е во општина Битола, на територија на село Острец, каде опожарени биле сува трева и густа мешана шума. Мешана шума била опожарена и во пехчевското село Негрово, како и на територија на општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше. Под контрола е ставен и пожарот на депонијата во општина Делчево. Букова шума горела меѓу селата Болно и Илино во ресенскиот регион.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи