„ТИ МОЖЕШ“ – краткометражниот филм на прилепчаните Никола Димески и Марјан Беџоски единствениот учесник од Македонија на UNiCA 2024


Меѓу 70- те филмови од целиот свет, сместени во неколку категории, во конкуренцијата од 24 филмови, во категоријата краткометражен игран филм, филмот на Никола Димески и Марјан Беџоски, „ТИ МОЖЕШ“, кој говори за разбивање на стереотипите и инклузивноста на лицата со попреченост, годинава е единствениот учесник од Македонија на престижниот интернационален филмски фестивал UNiCA 2024, кој се одржува по 84 пат, од 18 до 23 август, во градот Пожнан (Полска).

На меѓународниот филмски фествал, (кој претставува натпревар помеѓу нациите )  UNiCA  (Сојуз на кинематографи) 2024, краткометражниот, аматерски игран филм ТИ МОЖЕШ, во режија, сценарио и монтажа на Никола Димески и на Марјан Беџоски, претставува еден од посериозните и поинтересни филмски продукции на фестивалот, во категоријата на не комерцијални и не профитни кратки играни филмови, кој е претендира на едан од интернационалните награди на фестивалот.

Филмот е во продукција на „Фото Беџо“ и веќе има добиено неколку награди на републичко ниво. Минатата година на 52-от Државен фестивал на непрофесионален (аматерски) филм во Кочани, во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, филмот „ТИ МОЖЕШ“, доби две награди „Златна Плакета за сценарио“ и „Златна плакета за краток игран филм“.

Со тоа филмот се стекна со право да  учествува на интернационалниот филмски фестивал UNiCA MOVIE.

Филмскиот фестивал UNiCA има натпреварувачки карактер.

Членовите на UNiCA се национални организации кои ги претставуваат филмаџиите на нивната земја. UNiCA е основана во 1937 година во Париз и е членка на ClCT на УНЕСКО. Таа поддржува не комерцијални филмови, преку промовирање на видео  и филм како средство за меѓународна комуникација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи