Повод за денешниот разговор е еден навистина интересен спортски настан кој што треба да се случи во Прилеп, на 1ви септември, а тоа е една атлетска трка со доста препознатливо прилепско име „ЧЕ ТРЧАМЕ!“. Наш соговорник денеска е Христијан Тунески, еден од организаторите на оваа трка.
Тунески ова е второ издание на трката, првото се случи минатата година, помина навистина задоволително според очекувањата кои што вие како организатори ги имавте. Пред се ајде да се навратиме на почетокот, како се роди оваа идеја за организирање на еден ваков спортски настан, на една трка со која што Прилеп им се приклучи и на други поголеми градови во Македонија кои што имааат една ваква улична трка низ нивните улици.
Тунески: Точно така, најпрво добро уто Дарко, добро утро до гледачите на Сител телевизија и до македонската јавност, како што и сам кажа оваа година по втор пат се организира атлетската трка на 5 и на 10 километри, „Че трчаме!“, лани за прв пат организиравме ваква трка една група ентузијасти кои сметавме дека Прилеп е можеби единствен град од поголемите градови кои нема ваква трка, пред се идејата ни беше промоција на градот и промоција на здравите спортски навики, првата трка навистина помина одлично ние како организатори бевме дури и пријатно изненадени од интересот на тркачите да учествуваат, затоа се решивме оваа година да ја оргнизираме повторно, во малку поразличен термин, оваа година е на 1ви септември, и мислам дека оваа година ќе поминиме многу подобро од лани,со оглед на тоа дека и до сега има преголем интерес за трката како од учесниците кои сакаат да се тркаат така и до сите останати кои сакаат да помогнат во оваа трка.
Како сте задоволни од минатогодишното издание во однос на бројката, колку учесници имаше оваа трка?
Тунески: Минатата година имавме повеќе од 1000 учесници, точна бројка не знам сеуште од она што го имавме како евиденција како пројавени беа повеќе од 1000, оваа година се движиме засега околу таа бројка, но треба да имаме предвид дека има уште 10тина дена до затворање на пријавите, така да мислам дека оваа година ќе ја надминиме таа бројка.
Каде и како може да се пријави еден кој што сака да биде дел и учесник од овој настан?
Тунески: На нашата веб страна „Prilep Run.mk“, пријавите се сеуште отворени до 25 август, со внесување на своите лични податоци, секој кој сака да се трка и кој се чуствува подготвен мислам дека може да се пријави и да учествува, имаме детска трка која оваа година е во 2 категории, од 8 до 12 години и од 12 до 14 години, со тоа значи дека секој кој е над 14 години кој сака да учествува може да се пријави како што кажав на „Prilep Run.mk“ и да учествува и оваа година на „Че трчаме!“.
Дали има услови да се пријавиш на оваа трка, котизација итн.?
Тунески: Котизација има, различна е котизацијата за двете трки за 5 или за 10 километри и истотака имаме различна котизација дали стартниот пакет тркачот сака да биде со маичка или без маичка.
Од она што го кажавме е дека оваа трка ќе се одвива низ прилепските улици, на 5 и на 10 километри, стартната позиција е токму ова место каде што стоиме, камената бина на плоштадот Александрија, каде ќе бида маршутата на таа трка?
Тунески: Стартната позиција поточно е пред „Рекламите“ на булеварот „Гоце Делчев“ каде ќе биде поставен стартот и финишот, се започнува од тука, се продолжува по булеварот до новата автобуска каде полукружно тркачите се враќаат назад на кружниот кај хотел „Липа“, па продолжуваат по улицата „Димо Наредникот“, потоа го поминуваат мостот и вртат лево по кејот „9ти Септември“, така трчаат се до основното училиште „Кочо Рацин“ на мостот повторно лево и уште еднаш се враќаат по кејот „1ви Мај“, продолжуваа до старата автобуска право по улицата „Андон Слабејко“,вртат десно повторно по „ДИмо Наредникот“, се враќаат на кружниот тек кај хотел „Липа“, повторно десно, поминуваат повторно по булеварот „Гоце Делчев“, се до фурната „Плетварец“, што значи дека се опфаќа и дел од улицата „Јоска Јорданоски“, таму повторно имаме едно полукружно вртење и тркачите по истата траса се враќаат до финишот, оваа маршута која сега ја кажав е 5 километри, оние кои ќе се натрпеваруваат на 10 километри ја трчаат 2 пати.
Дали веќе има пријавено учесници и дел од атлетската елита во Македонија?
Тунески: Да, како и минатата година така и оваа, со гордост можам да кажам дека нашиот олимпиец и најдобар атлетичар Дарио Иваноски ќе бидел дел и годинава од нашата трка,во женска кокнуренција слободно можам да ја спомнам Андријана Поп Арсова која истотака има врви резултати зад себе.
Рековме дека се одвиваат трките на 5 и 10 километри, дали како еве организација имате аспирации еве за понатаму тоа да премине во еден полумаратон или маратон?
Тунески: Апсолутно размислувавме на тааа идеја, но како оранизација одлучивме дека овие први 2 години тоа е можеби голем залак за организација бидејќи сепак се работи за 21 километар за полумаратон,одевме на посигурната варијанта, но секако се размислува дај Боже до година да организираме и полумаратон бидејќи сметаме дека Прилеп тоа го заслужува.
Да, Прилеп тоа го заслужува и има капацитет да се спроведен еден настан од ваков карактер, она што сакав да го спомнам е дека минатата година и цели компании учествуаа во овој настан заедно со своите вработени ж, беше навистина и од спортски аспект да се се гледа, но и од забавен карактер беше целата таа манифестација, дали и годинава имаме пријавено такви компании?
Тунески: Нормално дека има, и оваа година има во многу поголем број затоа што тие компании кои лани не се пријавија така по примерот на своите колеги, оваа година ќе бидат пријавени со цели тимови, тоа е еден добар начин за нив како еден „TEAM building“, внатре во компанијата но истотака и промоција на здравите спортски навики и промоција на компанијата со тоа што поддржува вакви спортски настани.
Настанот освен од вашата организација е подржан и од страна на Општина Прилеп?
Тунески: Настанот најпрво е една прекрасна афирмација на Општина Прилеп и многу сме среќни што градоначалникот и општината тоа го препознаа и финансиски и логистички ќе го помогнат овој настан.
Дали освен оној спортски дел е предвидена некоја забава тука на плоштадот?
Тунески: Секако, тој го нарекуваме така е како „Warm Up“ дел со еден DJ, најверојатно ќе биде истиот кој беше и лани, тука ќе биде пред трката, сите кои сакаат да се загрејат ќе можат со прекрасна музика да го направат тоа и истотака еве како една новина годинава можам ексклузивно да откријам, ќе имаме и детско катче кое ќе биде во организација извидниците од извидничкиот одред „Феникс“, детското катче е планирано да биде како работилница со игри и такви работи кои ќе ги анимираат и децата кои ќе учествуваат на детската трка,но и сите оние кои ќе дојдат со своите родители,браќа или сестри да ги подржат додека тие се натпреваруваат, ќе имаат прилика да се забавуваат со извидниците и истотака со прекрасна музика.
Еве за крај за победниците, освен оние пехари и медаљи кои се добиваат традиционално, дали се предвидени некакви парични награди?
Тунески: Оваа година, трката има паричен награден фонд од околу 2500евра со тоа што тие се поделени во машка и жанска категорија за прво, второ и трето место,четврото и петтото место ќе добијат ваучери од нашите спонзори,додека секој финишер кој ќе ја аврши трката, на 5 или 10 километри добива и медал.