Наш соговорник е Киро Здравески од џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, но исто така и претседател на Ветеранската асоцијација на џудо во Македонија, како и нејзин селектор исто така. Воедно тој е и најстариот ветеран во џудо кој активно, буквално секој ден, се занимава со овој спорт, не само кај нас, туку без мала скромност можеме да кажеме најстариот активен џудист и на Балканот.
Здравески пред се добредојдовте во нашето интервју и дали се точни овие податоци кои претходно ги наведовме?
Здравески: Добро ве најдов, овие се најточните информации што ги кажавте, јас сум претседател на Ветеранската асоцијација на Македонија, селектор на државната репрезентација на Македонија, и како што гледате во позадина почнуваме со првиот тренинг со џудо клубот Сеишин. Ова е почетен тренинг и најавува дека од денеска почнуваме со кондициони активности за да се припремиме и од 1 септември да влезиме, односно полека да се адаптираме за во сала.
Ова позади нас е иднината на џудо клубот Сеишин, се наоѓаме на Паркот на револуцијата каде се одвива овој тренинг на отворено. Ајде малку за вас и вашата историја во овој спорт, сега имате 73 години и сте најстариот кој активност се занимава секој ден.
Здравески: По мое мислење, јас секогаш го кажувам, ние сме локомотивата на иднината, на младите џудисти. Зошто локомотива, ние ги водиме напред, им ја кажуваме иднината во џудо спортот, она наше искуство што го имаме, да видат дека и ветераните не прекинале со џудото, туку се повеќе и повеќе работиме. Во претходниот период ние бевме и учесници на еден камп во Босна, плус и меѓународен турнир на кој учесници имаше од Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, нашата репрезентација од Македонија и задоволни сме од постигнатите успеси. Затоа ние сме цело време активни и од денес повторно со вклопуваме во почетниот тренажен процес за адаптација на помладите, да помогниме околу она што го знаеме, нашето знаење да го прикажиме, да им дадеме еден поголем елан за понатамошниот процес во развој на џудото.
Дали секој ден тренирате?
Здравески: Апсолуптно, некогаш практикувам во зависност од временските прилики и наутро и попладне, се вклопувам пак и во тренинзите на џудо клубот Сеишин.
По колку часови во текот на денот тренирате?
Здравески: Наутро најмалку 45 минути, попладне еден час, а потоа се вклопувам во тренинзите на џудо клубот Сеишин.
Ова е доказ дека годините не се пречка доколку човек сака да има здрав живот и да спортува.
Здравески: Никако, еден лекар ме прашува до кога планираш да тренинираш? Јас бев искрен и му кажав, јас планирам да тренирам до 100 години, на 101 кој сака нека почни. Здравјето е тука, во активноста и развојот на спортот, како и зачувување на сопственото здравје. Само преку спортот, тука е суштината на здравјето.
Како започнавте да се занимавате со џудото?
Здравески: Многу одамна, една случајност, 69та година тренирав гимнастика и во ДТВ Партизан тогашен видов двајца младичи покажуваа некои вештини и не ми беше јасно што се случува. Се распрашав, ми кажаа дека тоа биле техники од џудо спортот, се распрашав како можам да се вклопам, ми кажаа дека се преселуваат во гимназија и така почнав да посетувам тој есенски период 69та година џудо многу кратко, потоа откако се вратив во градов 71/72 година се вклопив во џудо клубот Прилеп, најстариот џудо клуб во градот Прилеп.
И од тогаш немате престанато со овој спорт?
Здравески: Еден период од здравствени причини бев прекинат и се вратив пред 10 години, благодарение на несебичните луѓе што го водат џудо клубот Сеишин, фактички ми ги отворија вратите да тренирам во клубот и сите можности ми ги овозможија да го збогатиме џудото и да ги повратам ветераните во Прилеп и во Македонија. Во последниве 3 години задоволни сме што и за прв пат пред 2 години се одржа и прво Балканско првенство за ветерани.
Тука во Прилеп?
Здравески: Ви Тирана, второто минатата година беше во Прилеп. Оваа година во Турција и се надевам дека ќе бидеме присутни на ова Балканско првенство. За жал не можеме да бидеме на Европско, финансиските средства не дозволуваат, ние сме слаби финансиски, воопшто како Федерација и апел до сите оние кои сакаат да помогнат се добредојдени да помогнат да се развиваат овие млади деца, па зошто и ние да не учествуваме на поголеми првенства. Имаме шанси оваа година да имаме двајца да присуствуваат на Светско првенство во Лос Анџелес.
Од нашиов прилепски клуб „Сеишин“?
Здравески: Еден од нашито клуб, еден од Скопје.
Како што може да забележиме веднаш позади нас се наоѓаат голем број на млади, голем број на дечиња кои се занимаваат со овој спорт. Каков бил развојот на џудото во Прилеп во текот на овие години?
Здравески: Откако сум вратен и влезен во џудо клубот Сеишин, од кога во година се поголем и поголем број на членови има. Сега во овој момент имаме 136 активни членови, што значи салите се премали за овој клуб, а имаме и најголем број на тренери, меѓу кои и ветераниве се вклопуваат во одреден момент кога ќе има потреба, да помогнеме во тие тренажни процеси со помладите. Жалосно е што немаме доџо сала, а тоа кој е расположен да помогни добредојден е, пред се за овие млади дечиња да се развиваат, да спортуваат од сабајле до вечер, доколку ја имаме таа шанса да имаме доџо сала.
Таа е сала специјална за овој спорт?
Здравески: Таа е специјална сала, фактички тогаш се постигнуваат најголемите резултати, со такви услови, затоа што не можиш во една сала да имаш 3-4 генерации и да планираш тренинг за сите исто. Процесот е забавен тука, развојот е забавен, а кога ќе ја имаш таа доџо сала секој тренер на одредена старосна категорија ќе си одреди како треба да се одвива тренингот и тука се успесите.
Целото ваше искуство од овој период кога се занимавате со џудо спортот, но и се она што се случувало во Прилеп, вие имате намера, односно веќе ја реализиравте со правење на монографија за џудото во Прилеп.
Здравески: Оваа ќе ми биде втора, а прва моја авторска книга. Идејата ми беше одамна за да го направам тоа, се работи за монографија.
Се вика „Мојот пат во џудото“.
Здравески: „Мојот пат во џудото“, што значи тоа? Значи џудо, нежен пат. Тој нежен пат сум го пронашол тука, ви џудото од 69та година наваму. Само во кратки црти да ви кажам како се развива дел од монографијата, моето учество во формирањето на почетоците на џудото во Прилеп, прв регистриран џудо клуб во Прилеп во 1968 година е џудо клубот Прилеп и прв претседател на џудо клубот Прилеп е Марко Андрески, сегашен покоен. 77ма година во Прилеп се одржа првенство на бивша Југославија за кадети и јуниори, на кое и јас бев учесник како помошен судија и посматрач во одредени ситуации. Целиот пат во џудото, исклучиво развојот на џудото во Прилеп, моите средби, моите настани, моите гости, се она што се случувало во градот Прилеп со џудото.
Кога ќе имаме можност да ја видиме во печат оваа книга?
Здравески: Е тоа е за мене болно прашање, се надевам ќе се најдат некои добронамерници да помогнат во финансиската работа за објавување на книгата. Книгата е целосно готова, електронски изработена, рецензентот е завршен, сега морам да барам спонзори. Мислам дека некој, на некој начин ќе помогни да го остварам ова мое дело и се надевам дека такви добронамерници ќе се јават да помогнат да ја објавам оваа книга, а таа ќе биде прва книга за џудото, за развојот на џудото во Прилеп и да послужи на овие деца, да ја видат комплетната историја како се развивало џудото во Прилеп, колку клубови се формирале и за мене тоа е во овој момент најважно.
Да се надеваме дека овој апел што го упативте ќе го слушнат и од бизнис секторот, но и од државните институции кои се надеваме дека ќе помогнат оваа книга да го види светлото на денот.
Здравески: Се надевам дека ќе се јават такви, мислам би требало и Општината, па зошто да не и државата, тоа е во корист на овие млади дечиња и да знаат што е историја на џудо, оти не се состои џудото само во техничкиот дел, мора да ја знаеш историјата, развојот на џудото, како што ние знаеме кој е основачот на џудото, Џигоро Кано, тие треба да знаат како е развојот на џудото во градот Прилеп. Да кажам од двајца, па станале толку клубови, толку деца и како се одвивал тој развој на џудото во Прилеп.
За крај џудо клубот Сеишин го очекува еден голем меѓународен турнир, кој за празникот „11 Октомври“ се одвива секоја година тука во нашиот град.
Здравески: Јас мислам дека овој ќе биде интернационален турнир, ако и книгата дотогаш е финансиски завршена се надевам дека ќе имам најмалку 4 светски прваци гости во градот Прилеп и џудо клубот Сеишин, кои ќе ја збогатат програмата на нашиот турнир.