Риболовци попладнево до редакцијата на Инфо Компас испратија видео каде се забележува голем помор на риби на вештачкото езеро Козјак. Риболовците кои скоро 2 децении ловат риба тука велат дека ваков помор не се сеќаваат да се случил на ова вештачко езеро. Бараат итна реакција од инспекциите да го испитаат целиот случај затоа што се сомневаат дека станува збор за големо загадување на езерото.