СВР Битола поднесе кривична пријава против В.А.(23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 19.02.2024 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пари. Истиот ден, при преглед кај друго лице била пронајдена и одземена марихуана која ја набавил од пријавениот.