Мицкоски: Нема да ја поддржиме интерпелацијата на Гаши

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против претседателот на Собранието, Африм Гаши, кого изминатиот период го следеа неколку дискутабилни потези.

Според она што го одговори Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат поранешниот претседател на Алтернатива затоа што е подобар во својата работа од претходниот спикер Талат Џафери.

„Го знаете ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не гледаме причина за интерпелација на спикерот Африм Гаши, бидејќи начинот на кој тој се однесува како спикер во Парламентот, како ги води седниците, навистина претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник. Претпоставувам коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица има свои мотиви зошто поднесуваат ваков тип на интерпелација, веројатно Артан Груби, Али Ахмети, Талат Џафери, Бујар Османи, им се подобри политичари од Гаши и затоа нема да поддржиме интерпелацијата“, рече Мицкоски.

На барање на партијата Левица, интерпелацијата за Гаши е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница, закажана за 3 септември

Дел од работите што му се префрлаат на Гаши се одржувањето групна верска молитва во помен на Сребреница во собранието, инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, како и неодамнешното патување со службено возило за приватни цели вон границите на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи