Можен прекин на вода во Крушево поради проблеми со електрична енергија

Можен е прекин на вода во текот на денот поради проблеми со електричната енергија нанесени од вчерашното невреме, информираат од ЈП „Комуна“ Крушево.

„Од страна на ЕВН неофицијално сме известени за проблеми во снабдувањето со електрична енергија и тоа може да влијае на работата на пумпната станица во Норово и водоснабдувањето на дел од градот. До овој момент немаме потврдна информација, но голема е веројатноста да настапат прекини во водоснабдувањето на градот како последица на проблемите со електричната енергија.

Секоја подетална информација ќе биде навремено споделена со граѓаните на Крушево и корисниците на услугите на „Комуна“.

Поради намалена издашност на изворите „Комуна“ ја вклучува во функција пумпната станица во Норово. Имаме најава за одредени проблеми на мрежата за снабдување со електрична енергија и тоа ќе оневозможи водоснабдување преку пумпата. Од досегашните информации, кои се се’ уште неофицијални, постои веројатност за прекини во водоснабдување на делови од град Крушево“, изјавија од ЈП „Комуна“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи