Фрчкоски поднесе оставка од амбасадор во ООН во Њујорк

Facebook
Twitter
Email
Print

Професор д-р Љубомир Фрчкоски поднесе оставка на местото амбасадор и постојан претставник на Македонија во ООН во Њујорк.

Фрчкоски поднесе оставка, откако неодамна беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи поради наводни финансиски нерегуларности во работењето. Имено, тој тогаш призна дека користел државни пари од службената картичка за приватно да си купи авионски билети кон Македонија, но се правдаше дека морал поради итна медицинска интервенција, а потоа и да присуствува на погребот на својот брат, при што вети дека парите ќе бидат вратени.

Тoj во писмен допис неодамна порача дека се шират лаги за неговото работење и дека притисокот е единствено поради причина што не е „погоден“ на идеологијата на новите власти.

Фрчкоски на амбасадорката позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година.

Оставката Фрчкоски ја доставил до Претседателката на  Македонија, Гордана Силјановска – Давкова и за чинот го известил и МНР. Од кабинетот на претседателката потврдија дека ја примиле оставката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи