ВИДЕО – Работнички се држат заклучени на работа, нема минимална плата, нема К-15 – правата како во робовладетелско општество


И во 21 век работничките права во Македонија се кршат како да станува збор за робовладетелско општество, а за тоа говори најновиот случај од пред само една недела кога инспекторатот во една битолска текстилна компанија откри 30 работнички кои таму работеле заклучени како во кафез, па морала да асистира и полицијата. Од здружението „Гласен текстилец“ велат дека овие прекршувања особено биле истакнати во пелагонискиот регион и бараат поголема ажурност на институциите.

Во пријавите се работи за неисплата на минимална плата, неисплата на К-15, отпуштање на работници, несоодветни услови за работа, меѓутоа еве и додатоците на плата ги нема, односно прекувремената работа, работата за празник или во ден на неделен одмор ја немаше. Повторно ќе речам, потребно е инспекторатот да биде повеќе на терен, соодветно да се разгледуваат сите надоместоци кои се пријавени од страна на работници“, истакна Кристина Ампева, претседател на Здружение „Гласен текстилец“.

Од здружението „Гласен текстилец“ ги повикаат работниците да бидат членови на Синдикат затоа што така многу полесно ќе се заштителе нивните права.

 Во тој случај нас како синдикат не би ни требале никакви инспекциски служби, напротив, ние би биле на лице место, би доаѓале во фирмите за ги решаваме проблемите на лице место. Доколку во некоја фирма немаме членство, не можеме внатре да влеземе како синдикат и тоа е проблематично“, додаде Ампева.

За да се заштитат работничките права во Пелагонискиот регион во тек е и реализација на проектот „Пристојна работа за жени работнички – социјално учество и зајакнување“, кој што е финансисран од ЕУ, а во реализација на Здружението на бизнис жени и Фондацијата МИР, од каде велат дека за жал работничките се уште не си ги знаат доволно своите права, нити механизмите како да се заштитат.

Во рамките на овој проект имаме и веб страна, имаме Фејсбук страна, исто така можат да се обратат на мојот телефонски број и на мојот маил, со цел запознавање со нивните основи права, значи исплата на минимална плата, работно време, распоред на работното време, прекувремена работа, користење на годишниот одмор, значи сите тие основни права како би ги запознале работниците и би ги охрабриле да бараат заштита на своите права“, изјави Талија Петреска, дел од проектот „Пристојна работа за жени работнички – социјално учество и зајакнување“.

Правните совети кои се нудат преку овој проект се бесплатни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи