Во текот на вчерашниот ден, 26.08.2024 година, имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 2 и изгаснати се 21.
АКТИВНИ: 2
- Општина Чашка: Планина Мукос, м.в.Котева Круша, атар на с.Оморани (изгаснат од дожд), додека активен е према с.Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);
- Општина Студеничани: над с.Црвена Вода, м.в.Крста ( ниска вегетација и нискостеблеста шума);
ПОД КОНТРОЛА: 2
- Општина Кичево: с.Цер (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување);
- Општина Охрид: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (4 НП, 6 планинарска служба) (тлеат трупци од претходниот пожар), пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот.
ИЗГАСНАТИ: 21
- Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева);
- Општина Карпош 1: пат за Бардовци (ѓубре);
- Општина Карпош 2: Момин поток (сува трева);
- Општина Арачиново: с.Арачиново (ѓубре);
- Општина Шуто Оризари: Депонија (ѓубре);
- Општина Чучер Сандево: населба Голиово (сува трева);
- Општина Илинден: с.Кадино (сува трева, дрва и бандера);
- Општина Гостивар: населба Млаки (сува трева);
- Општина Врапчиште: кај гробиштата во с.Врапчиште (ѓубриште);
- Општина Брвеница: с.Радиовце (сува трева);
- Општина Радовиш: над с.Подареш (шума);
- Општина Македонски Брод: с.Грешница, кај резервоарите од селски водовод (мешана шума);
- Општина Струга 1: с.Велешта (сува трева);
- Општина Струга 2: с.Враништа (сува трева);
- Општина Струга 3: с.Октиси према с.Долна Белица (сува трева);
- Општина Кичево: населба Ивандол (стрниште);
- Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);
- Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (ниска вегетација);
- Општина Штип: с.Крупиште (ниска вегетација);
- Општина Берово: м.в.Смојмировско Поле(ниска вегетација);
- Општина Прилеп: с.Галичани, с.Беровци (ниска вегетација)