Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека рабодавачите кои даваат плата во плик, го оштетуваат буџетот до 250 милиони евра годишно.
„25.000 работници плата примаат во плик, со што се развива сивата економија, а работодавачите ја подкраднуваат државната каса во висина од 250 милиони евра годишно, или овие работници навистина работат за 22.567 денари, што е срамно и е недозволиво. Колективните договори утврдуваат додатоци и надоместоци на платата како прекувремена работа, минат труд, недела и слично“, изјави Трендафилов.