Вчера полициски службеници од Велес уапсиле двајца прилепчани откако тие претходно уништиле и оштетиле опрема на Железница.
Вчера во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.И.(41) и Н.А.(32), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно на железничката пруга Велес – Градско уништиле и оштетиле јавна инсталација на Железници на Република Северна Македонија. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“ се вели во соопштението на МВР.
86