Пред самиот старт на новата учебна година и пред почеток на новата сезона Австралиско-Македонското (прилепско) друштво Методија Андонов – Ченто од Сиднеј – Австралија повторно со донација за прилепските спортисти.
Овој пат доделија вредносни ваучери во износ од по 25.000 денари или вкупно 100.000 денари за четири спортски клубови од нашиот град и тоа:
- Одбојкарски клуб 11 Октомври – Прилеп
- Извиднички одред ФЕНИКС – Прилеп
- ФК Големо Коњари – Големо Коњари, Прилеп
- КГС Партизан – Соколи – Прилеп
Инаку ова е четврта донација од Австралиско-Македонското друштво Методија Андонов – Ченто која исто како и претходните се реализираше преку советникот за млади при Општина Прилеп – Гоце Бумбароски.
Претходно ова друштво донираше околу 500 дресови од разни фудбалски клубови и разни фудбалерски имиња за децата и учениците од Општина Прилеп. Најголем дел од дресовите беа поделени на учениците од 10-те основни училишта во Прилеп, а дел од дресовите добија и децата од социјално ранливите категории, надарени и талентирани ученици и други. А се донираа и 200.000 денари со кои се купија голем број потребни работи за дел од училиштата во нашата Општина.
Исто така Австралиско – Македонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ донираа дресови и потребна опрема за Младинската фудбалска школа на „Победа“.
Со сите овие донации нашите прилепски иселници, патриоти и родољуби уште еднаш докажуваат дека Македонија им останува во срцето без разлика каде и да се наоѓаат.