Автопатот Скопје-Блаце ќе се гради, но по друга траса

Facebook
Twitter
Email
Print

По најавите на министерот за транспорт и врски Александар Николовски дека изградбата на  автопатот Скопје – Блаце ќе се ревидира и дека втората делница долга 12 километри е тешко остварлива, денеска се огласи неговата заменичка Калтрина Зеколи Шаќири.

Таа појаснува дека автопатското поврзување со Косово не е доведено во прашање, само се бара посоодветно решение. Во писменото соопштение се наведува дека  поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на ЈПДП, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, без јасни причини, сега ќе се бара поодржливо решение.

Зеколи Шаќири посочува дека од планираните 12 километри, 6 километри се предвидени да бидат тунели, што го прави овој проект исклучително скап без јасни причини со проценета цена од околу 240 милиони евра за преостанатите 12 километри, односно околу 20 милиони евра по километар, што го прави овој проект еден од најскапите проекти по километар во регионот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи