Скоро месец дена е исчезнат 80-годишниот прилепчанец Димитар Бошкоски – семејството моли за помош

Скоро месец дена е исчезнат 80-годишниот прилепчанец Димитар Бошкоски. Според неговото семејство, од дома, од населбата Бончејца, излегол во неделата на ден 04.08, околу 17 часот, за да во 19.20 ч. биде забележан од безбедносна камера кај хостелот „Бреза“ како се движи кон Фабриката „11-ти Октомври“ и оттогаш му се губи секаква трага.

Човекот има поблага форма на склероза, наглув е, а има проблеми и со видот. Исчезнувањето, уште веднаш е пријавено и во полиција, а од семејството безуспешно трагаат по него, па затоа сега молат за помош и од граѓаните за час поскоро да се пронајде човекот.

Секоја информација е добредојдена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи