ВИДЕО – Над 1.400 учесници на уличната атлетска трка „ЧЕ ТРЧАМЕ“ на 5 и 10 км. во Прилеп


Во Прилеп се одржа второто издание на уличната атлетска трка „ЧЕ ТРЧАМЕ“ на која учество зедоа над 1.400 учесници од повеќе градови на Македонија. Трката се одвиваше низ прилепските улици во во централното градско подрачје, поделена во 2 рути на 5 и 10 километри.

„Прилеп беше еден од поголемите градови кој беше без ваква атлетска трка, но можам да кажам дека оваа и претходната година имаме повеќе од успешен настан, затоа во иднина ќе целиме кон организација на полу маратон и маратон“, рече Христијан Тунески, дел од организацијата на настанот.

 

„Денеска ќе видиме една супер интерсна и брза трка која што ќе биде со многу докажани наши атлетичари и атлетичарки, но исто така привлекува внимание и кај публиката која се повеќе се занимава со трчањето, тоа го смета за еден стил на живот“, кажа Игор Јакимоски, дел од организацијата на настанот.

Трчањето станува се повеќе популарно кај нашите граѓани, особено кај младата популација. Скоро секоја недела во некој наш поголем град се одржуваат вакви трки.

„Трчањето сега е во експанзија, нема град кај нас сега каде што нема вакви трки. Јас трчам од 2010 година, редовно учествувам на сите вакви настани, започнав со Скопскиот маратон“, истакна Петре Завироски, учесник на трката.

 

„Искрено му пречорачувам на секој еден да се грижи за своето здравје, не мора да се биде прв, доволно е да се излезе од дома од кревет и да се трча“, рече Александар Грков, учесник на трката.

 

„Маратонците од Врање често се одзиваат на секоја трка во Македонија, овој пат сме околу 20 мина кои ќе учествуваме на трките од 5 и 10 км. Ние како клуб пропагираме здрав начин на живот и сите да спортуваме“, рече Марија Тасиќ Трајковиќ, учесник на трката.

Трката има паричен награден фонд од околу 2.500 евра кои беа поделени како награди во машка и женска конкуреција за освоени прво, второ и трето место,а додека четвро и петто пласираните добија ваучери од спонзорите. Секој пак што ја заврши трката доби медал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи