Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали

Facebook
Twitter
Email
Print

Во 100 дена Влада, Гаши го надмина Џафери во скандали – истакна во своето обраќање на денешната собраниска седница претседателот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев.

„Вие го надминавте Талат Џафери, којшто беше мајстор за скандали. Практично, во 100 дена, направивте рафал од скандали и станавте, можеби, велемајстор за скандали“, потенцираше Апасиев, говорејќи за стодневното дејствување на Гаши.

Апасиев образложи дека Левица ја темели интерпелацијата на седум основи, кои се дополнуваат и со нови скандали.

„Покрај седумте точки, вие сторивте уште три – четири скандала, но за свадбата на Косово и за пеењето ,,Шота” на 2 Август ќе оставиме да зборува, можеби, недокваканиот Мицкоски, којшто ја оцени оваа уставна интерпелација како глупава“, појасни Апасиев.

Во својот говор, Апасиев потенцираше и  дека во овие 100 дена се прекршени и Уставот и законите.

„Вие покрај Уставот, прекршивте дури четири закони: Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Изборниот законик“, заокружи Апасиев.

За потсетување, како што досега јавноста е повеќепати информирана од страна на Левица, интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на следниве седум точки:

  1. Повреда на секуларноста на државата; 2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје;
  2. Повреда на употребата на македонскиот јазик;
  3. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;
  4. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери;
  5. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и
  6. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи