ВИДЕО – Во Прилеп заседава Кризниот штаб поради големиот пожар во Мариово, присутен и Стојанче Ангелов, во опасност се неколку села


Ги известуваме граѓаните на општина Прилеп дека во моментов се одржува кризен штаб предводен од началникот на истиот поради големиот пожар кој во моментов е активен во областа Мариво. Поради сериозноста на ситуацијата на кризниот штаб присуствуваше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во зависност од климатските услови има можност да бидат загрозени селата во близина, но сепак истите се обезбедувани од професионални пожарникари на ТППЕ Прилеп и од околните населени места.

Од неделата тимови на ТППЕ Прилеп се на терен во таа област, а вчера и денес поради големиот чад гаснењето со воздушна поддршка беше отежнато. Исто така ангажирани се и сите материјално-технички средства на Јавните претпријатија од Општина Прилеп.

Во координација со соседните општини и нивните противпожарни единици обезбедена е поддршка од Битола, Кавадарци, Новаци, Могила и Ресен.

Во текот на утрешниот ден повторно ќе се активира воздушна поддршка од АРМ и ДЗС, ќе има и поддршка од 120 лица од кои 70 од АРМ, 20 од специјалните единици на МВР и 30 од Национални шуми.

Кризниот штаб ќе заседава и ќе биде во координација со единиците на терен сѐ додека пожарот не биде локализиран.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи