Крмов: Гаши не е племенски поглавар за да размислува етнички, наместо државнички

Facebook
Twitter
Email
Print

Секогаш кога политичките претставници на Албанците го прекршуваат Уставот или законите, се повикуваат, односно ги обвинуваат за албанофобија, оние кои го констатирале прекршувањето, нагласи пратеникот Борислав Крмов на собраниска седница за интерпелација на Африм Гаши.

„Мене ми е многу интересно како секогаш кога политичките претставници на албанското малцинство се повикани да НЕ ги кршат Уставот и законите, малтене секојдневно, тоа се толкува како национализам или албанофобија?! Небаре, нивно етничко право е да ги кршат Уставот и законите секогаш кога ќе посакаат“, истакна Крмов.

Во продолжение, зборувајќи за инцидентот на скопскиот аеродром, Крмов откри детали, за кои, како што рече, поради политички притисок, ги нема во записникот на МВР. Тој додаде, дека шефот на обезбедувањето на Гаши, ситуацијата ја смирувал со репетиран пиштол вперен кон вработените.

„Гаши го пратил шефот на неговото обезбедување да ја ,,смирува” ситуацијата и додека бил таму (на аеродромот) се заканувал, туркал (според  сведоци и иако не е влезено во извештајот на МВР), тој извадил и пиштол. Тој пробал да ја ,,смири” ситуацијата со репетирање пиштол, кој го вперил во вработените!“, образложи Крмов.

Крмов беше дециден дека ова е скандал за којшто не треба да се чека интерпелација, туку напротив, Гаши сам треба да си поднесе оставка. Според него, Претседателот на Собранието се однесува како племенски поглавар, а не како државен функционер.

„Гаши треба веднаш да си поднесе оставка! Ако претседателката на Косово му е поблиска заради нејзината етничка припадност, не може човек што ја држи втората најбитна функција во државата, понекогаш и најбитна, да размислува етнички наместо државнички. Гаши не е племенски поглавар“, појасни Крмов.

Во текот е собраниската седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги оправдаат постапките на Спикерот, кои евидентно ја повредуваат домашната легислатива на повеќе нивоа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи