Нискостеблеста вегетација гори во прилепскиот регион кај селата Пештани, Кокре и Кален

Евидентирани се вкупно осум пожари на отворен простор низ државава до 13.30 часот. Од нив, четири се активни, а два се ставени под контрола, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од активните, два се на територија на општините Чашка и Чучер Сандево, каде гори мешана шума. Нискостеблеста вегетација гори во прилепскиот регион кај селата Пештани, Кокре и Кален, а стрниште на територија на струшкото село Горно Татеши.

Првиот пожар ставен под контрола е на територија на општина Штип, каде опожарени се нискостеблеста шума, смреки и сува трева. Вториот е во регионот на демирхисарското село Вардино, гореле исечени дрва за огрев.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Гостивар и Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи