Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против претседателот на Собранието Африм Гаши

Facebook
Twitter
Email
Print

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против претседателот на Собранието Африм Гаши, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

Според Стојаноски, интерпелацијата нема никаква допирна точка со реалноста и прекршувањето на собраниските процедури, туку, како што вели е „очајнички коалициски производ на новата коалиција која што ја сочинуваат СДС, Левица и ДУИ“.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи оваа иницијатива најмалку од три причини. Првата е бидејќи нема прекршување во рамките на надлежностите претседател на Собранието водејќи ја институцијата Собрание на Република Македонија. Второ, кога ќе ги видите оние седум причини сите сторители на дела кои што одат во насока на непочитување на законите во МВР како прв пат досега се пронајдени и санкционирани и има за нив постапка. Трето, заради тоа што е несериозна и глупава, затоа што во точка седум и под точките в, г, д  има напишано замислете и основ за интерпелација за паркинг“, изјави Стојаноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи