Штрајк на вработените во МАНУ

Facebook
Twitter
Email
Print

Дел од вработените во Академијата на науките и уметностите го активираат штрајкот што го започнаа и го прекинаа минатата година и бараат зголемување на платите. Синдикалците најавуваат дека штрајкуваат 36 вработени во техничката служба. Ќе работи само архивата за примање пошта и дел од вработените во лабораторијата, додека останатите вработени нема да вршат никаква задача додека не им се исполни барањето. Синдикалците велат дека по најавите за активирање на штрајкот, вработените добиле закани за отказ.

Запрашан за изјавата на првиот вицепремиер Изет Меџити, кој пред извесно време рече дека Академијата треба да ги отвори вратите за Албанците, првиот човек на синдикатот на МАНУ рече дека нема да коментира за научници, туку што се однесува до другите вработувања, конкурсите се отворени за сите, но во последните 15 години никој не се пријавил, токму поради ниските плати.

Синдикалците потсетуваат дека според потпишаниот договор МАНУ имаше рок до 31 декември минатата година да потпише колективен договор и да направи законски измени за да се реши проблемот со платите. Не прецизираат точно колкав е процентот на покачувањето што го бараат, но велат дека е потребен нов начин на пресметување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи