„Прилепски млади виртуози“ – вечер на класична музика во Прилеп

Вечерва во храмот Св. Петка во Прилеп, со почеток во 19:00 часот, ќе имате можност да уживате во концертот насловен како „Прилепски млади виртуози“.

Овој концерт е уникатна прилика да се слушнат на едно место дел од најдобрите студенти кои студираат во земјата и странство, средношколци од музичките училишта во Македонија, како и ученици од основното музичко училиште во Прилеп. Во акустичниот амбиент на храмот Св. Петка, нивните изведби ќе го исполнат просторот со звуци на хармонија и убавина.

Преку вашето присуство, ќе им дадеме поддршка на овие млади таленти пред почетокот на новата школска година и ќе покажеме дека како заедница ги вреднуваме и негуваме нивните дарби. Овој концерт го гледаме како почеток на една нова традиција, која ќе се повторува секоја година и ќе ни овозможи да бидеме сведоци на нивниот раст и успех.

Бидете дел од овој музички настан и заедно да ја оддадеме почитта која нашите млади виртуози ја заслужуваат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи