ВИДЕО – Ситуацијата се уште критична во прилепско, 2 ер трактори ќе гаснат кај Висока, Дрен и Смолани


Пожарот во прилепско – мариовскиот регион денеска е со намален интезитет, но ситуацијата се уште е критична и во зависнот од временските услови може да смени во секој миг. Со надчовечки напори и со заштитни појаси синоќа беа спасени да бидат проголтани од пламените јазици, манастирот кај селото Прилепец и селото Крушевица. И денеска припадниците на противпожарните служби ги чуваат овие места, како и манастирот кај селото Дуње и манастирот Свети Димитрија кај селото Селце од потенцијалната опасност.

Во моментов пожарите се во мирување, тоа е добра околност, меѓутоа критичните часови и временските периоди се околу 12 и 13 часот кога температурите во текот на денот се повисоки и знаат да направат дополнително разгорување на жариштата. Работата е што ни се повторува огнот, за да речиме дека огнот е локализиран потребни се 24 часа. Затоа ветрот е тој што ни прави штета и онаму каде што сме успеале да го ставиме во мирување ветрот повторно ни го враќа, како што се случи кај село Пештани вчера, кај село Дуње, село Крушевица ни отвори многу фронтови“, рече Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Совет и началник на Кризен штаб.

Денеска се присутни на терен и 2 ер трактори кои покрај гаснењето во Прилеп ќе се обидат да го спречат огнот да не се префрли кон Општина Кавадарци.

Ги прават налетите над местото викано Висока, тоа е во близина на Крушевица и се надеваме дека че направат доста голема работа и нема да ни се прошири пожарот, да ни се повтори и да слези кон селото. Потоа, откако ќе ја завршат својата работа тие ќе бидат насочени кон Дрен и Смолани, таму веќе имаме ангажирано луѓе кои навистина прават напори пожарот да не се префрли кон општина Кавадарци“, кажа Стерјоска Локвенец.

Од Општина Прилеп велат дека во моментов нема простор за паника и се преземале сите потребни мерки со сите достапни ресурси кои на распогање ги има државата во моментов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи