ЦУК: 34 пожари вчера, шест се активни, а еден под контрола

Facebook
Twitter
Email
Print

Вкупно 34 пожари на отворен простор имало вчера (5 септември), шест се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

За пожарот на прилепската територија, од ЦУК појаснуваат дека се активни краците кон селата Крушевица, Чумово и Селце и накај место викано „Чуле“ на Селечка Планина.

Активен е и пожарот во подрачјето на општина Чашка, во регионот на селото Ораов Дол.

Во штипскиот регион, кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, како и во подрачјето на полигонот „Криволак“, опожарени се нискостеблеста шума, смреки и сува трева.

Мешана шума гори во општина Чучер Сандево, на територија на село Танушевци, место викано „Рамно“. Сува трева и мешана шума горат во село Десово, општина Долнени.

Според информациите од ЦУК, пожарот на градската депонија во општина Крушево е ставен под контрола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи