Јаневска: Наставниците повеќе да се ангажираат за учениците – знаење да се стекнува на различни начини

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска порача дека наставниците по закон треба да остануваат шест часа во училиштата, но дел од нив, како и учениците ќе остануваат и подолго бидејќи тоа е суштината на нивната реформа.

Како што вели, реформата е што е можно подолго учениците да бидат во училиштата за да стекнуваат што повеќе знаење на различни начини.

„Реформата е наставниците да станат функционални во корист на знаењето, вештините и компетенциите на учениците. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Нас ни требаат наставниците за да го подигнат квалитетот на знаењето. Последни сме на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици доцнат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме. Учениците нема цел ден да бидат над книга. Екс-катедра лекции веќе нема никаде. Учениците ќе имаат многу спорт, информатика, претприемништво, интерактивна настава, домашно во форма на истражување, да научат мирно решавање проблеми, препознавање булинг, прифаќање на различностите. Сето тоа, досегашниот образовен систем не го обезбедил. Затоа наставниците ќе треба дополнително да се ангажираат. На децата нема да им биде тешко, ќе имаат пауза, ќе имаат и некој празен час да се одморат, да се дружат, да си завршат некое домашно. Не е ништо страшно. Затоа почнуваме да го имплементираме ова таму кајшто има услови. Онаму каде што наставата се одвива во две смени, не очекуваме да се применува“, вели Јаневска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи