Вујко и внук биле нападнати со тврд предмет додека купувале во продавница во Прилеп.
Имено, според пријавеното, напаѓачот претходно бил во конфронтација со трето лице пред продавницата во која што пазареле вујкото и внукот. После тоа прво со тврд предмет (борија) го оштетил возилото на нападнатите, за потоа со дрвен предмет да го нападни и вујкото по главата, при што му нанел тесни телесни повреди.
Од страна на ОВР Прилеп велат дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот.